Дома Македонски спорт Фотогалерија: Местото кое ни буди прекрасни спомени – фудбалерите тренираа во Тбилиси

Фотогалерија: Местото кое ни буди прекрасни спомени – фудбалерите тренираа во Тбилиси

Од Тбилиси Јовица Симоноски

Веднаш по прес-конференцијата на која присуствуваа Благоја Милевски (тука) и Езгјан Алиоски (тука), македонските фудбалери го одработија и официјалниот тренинг на Арената во Тбилиси.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со многу проблеми во составот, послаба натпреварувачка форма, повреди…Македонија утре ќе се обиде да остане во игра за првото место во групата. Грузија е прва на табелата со 10 бода, ние имаме три помалку и само со победа ќе бидеме во игра во последното коло за првото место.

Поради победата на Грузијците во Скопје од 3:0 потребна ни е повисока победа од три гола разлика во секаква друга ситуација во која би победиле ќе треба да чекаме услуга од Гибралтар во последното коло, секако и ние да ја победиме Бугариа.

Тешко, но веруваме. Тбилиси ни буди прекрасни спомени од 2020 година, па така нека остане и сега…

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…