Дома Фудбал Флорентино Перез никогаш во животот не бил толку немоќен, се знае која личност го кочи трансферот на Мбапе во Реал

Флорентино Перез никогаш во животот не бил толку немоќен, се знае која личност го кочи трансферот на Мбапе во Реал

Килијан Мбапе минатата недела се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност откако беше објавено дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид и дека се е веќе договорено. Сепак, се покажа дека тоа било далеку од договорено, а шпанските медиуми пишуваат дека истата личност повторно се подготвува да го предаде Флорентино Перез.

Дури и Л’екип и Maрка ја објавија веста дека Мбапе донел одлука и од следната сезона ќе игра во Реал Мадрид, поради што многумина веруваа дека францускиот репрезентативец навистина решил да дојде во кралскиот клуб.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Познато е дека Мбапе има договор со ПСЖ до крајот на сезоната и дека како слободен играч може да го напушти Паркот на принцовите на лето, но вистината е далеку од тоа дека тој веќе одлучил за кого ќе потпише.

Пред две години Мбапе се согласи да дојде во Реал, но потоа неочекувано се предомисли и ги шокираше сите кога го продолжи договорот со ПСЖ на уште две години. ПСЖ плати огромни пари за Мбапе да остане, а потоа во договор со семејството одлучи дека ова е најдоброто решение.

Познато е дека во целата приказна голема улога има неговата мајка Фајза Ламари, која беше пресудна во одлуката Мбапе да го одбие Реал Мадрид во последен момент и да остане во ПСЖ пред две години, а и сега ситуацијата не изгледа драстично поразлично.

Шпанските медиуми наведуваат дека од извори блиски до семејството на напаѓачот на ПСЖ дознале дека Мбапе повеќе не е 100% сигурен дали треба да потпише за Реал Мадрид, а ниту неговото семејство не е за таков потег.

Угледната Марка пренесува дека Мбапе неодамна и признал на мајка си дека сака да замине во Реал Мадрид, но откако разговарал со неа повеќе не е сигурен во тоа. Таа не е задоволна од понудата што кралскиот клуб ја прави за нејзиниот син и јасно е дека Мбапе може да добие многу повеќе пари со останување во ПСЖ.

Пред две години ПСЖ му даде вистинско богатство на Мбапе да остане во Париз, а истата ситуација може да се случи и сега.

Во Реал беа сигурни дека Мбапе летово ќе дојде на „Сантијаго Бернабеу“, но откако неговата мајка повторно се „вмеша“ може да се повтори сценариото од пред две години кое тогаш го потресе Перез.

Претседателот на Реал Мадрид сака да покаже колку е моќен со доведување на Мбапе, но тоа никако не може да го направи поради мајката на еден од најдобрите играчи на денешницата. Се чини дека таа му го диктира темпото на синот и не му дозволува да донесува избрзани одлуки.

Перез не е навикнат да губи на големата сцена кога е фудбалот во прашање и ќе биде интересно да се види колку пари ќе биде подготвен да понуди за да го донесе човекот за кој сонува две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер јунајтед доби „корпа“: Ливерпул бесплатно ќе се засили со голема ѕвезда!?

Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен е при крајот на неговиот договор и за неколку недели може д…