Славниот Италијанец Карло Анчелоти следната сезона ќе ја помине на клупата на Реал Мадрид и најверојатно таму ќе ја заврши својата голема кариера.
Претседателот на Кралевите, Флорентино Перез веќе има човек кој е прв пик за нов тренер, а тоа е Чаби Алонсо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Карло Анчелоти ќе ја заврши преостанатата година од договорот со Реал Мадрид. Италијанскиот тренер е обврзан со договорот до јуни 2024 година, ќе ја заврши работата до самиот крај, а потоа улогата на тренер на еден од најголемите светски клубови ќе му ја препушти на некој друг.
Нов тренер на Реал би можел да стане поранешниот фудбалер на овој клуб Чаби Алонсо. Легендарниот играч за врска гради многу добра кариера во Баер Леверкузен и неговиот исклучително убав стил на игра го привлече вниманието на многумина.
Очигледно, претседателот Флорентино Перез исто така е убеден дека 41-годишниот тренер може да биде вистинското решение за клупата на Кралевите и наводно го направи кандидат број еден за преземање на клубот во летото 2024 година.
Чаби би можел многу брзо да стигне до клупата на моќниот Реал. Тој е фаворит за наследник на Карло Анчелоти и ќе видиме дали навистина ќе го преземе раководството на кралскиот клуб.
Чаби Алонсо тренерската кариера ја започна во Реал Сосиедад. Тој го водеше Б тимот на овој клуб, а работата во Баер Леверкузен му е прва сериозна тренерска кариера.