Дома Фудбал Флик соопшти добри вести и откри кој ќе биде прв голман на Барселона

Флик соопшти добри вести и откри кој ќе биде прв голман на Барселона

Тренерот на Барселона, Ханси Флик денеска потврди неколку добри вести за навивачите на каталонскиот клуб.

Како што беше најавено, Гави конечно се враќа во тимот, по 11 месеци, а покрај него за тимот ќе конкурираат и Дани Олмо и Фермин Лопез, кои паузираа еден месец. Тој исто така додаде дека Ламин Jамал ​​и Роберт Левандовски се спремни по полесните повреди за време на репрезентативната пауза.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Да, сите се подготвени, Гави, Олмо и Фермин Лопез. Гави и Олмо сигурно ќе стартуваат од клупата, додека Фермин можеби ќе биде во стартер, треба да размислуваме и за натпреварот во среда. Зборував и со Ламин, тој е целосно подготвен и благодарност до селекторот Шпанија за разбирањето“, изјави Флик.

Тој потврди и дека Игнаси Пења ќе остане прв голман иако е подготвен и Војчех Шчесни.

„Среќен сум што Шчесни е веќе подготвен да биде во составот. Но, не гледам потреба од промена на голманската позиција. Пења ќе биде нашиот прв голман и во недела против Севиља и во среда против Баерн Минхен. рече Флик.

Натпреварот Барселона – Севиља е закажан за в недела од 21 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …