ФК Брегалница денеска доби официјално известување од ФК Скопје дека поради актуелната ковид-ситуација и протоколите за спортски натпревари нема да пушта во слободна продажба билети за неделниот натпревар меѓу двата тима од 2. коло во Првата македонска фудбалска лига.
Токму поради тоа, ФК Брегалница испраќа апел до сите свои симпатизери и навивачи да не патуваат самоиницијативно во Скопје како не би се изложувале на непотребни трошоци.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Добивме официјално известување од ФК Скопје дека, поради ковид-ситуацијата и актуелните протоколи, нема да има продажба на билети за неделниот натпревар со Брегалница. Од ФК Скопје не информираа дека на натпреварот ќе присуствуваат единствено домашни навивачи со сезонски билети. Токму поради тоа, како клуб ФК Брегалница упатува апел до нашите навивачи и симпатизери кои претходно планирале самоиницијативно да патуваат во Скопје и дадат поддршка на нашиот клуб да не се изложуваат на непотребни трошоци затоа што влез на стадионот, за жал, нема да биде дозволен“ – вели извршниот директор на Брегалница, Емил Тодев.
Натпреварот од 2. коло во ПМФЛ меѓу Скопје и Брегалница кој ќе се игра на СРЦ „Железарница“ ќе може да се следи на ТВ-платформата на ФФМ. Исто така, натпреварот линковски ќе може во живо да се следи и на официјалната фејсбук страница на ФК Брегалница.
Фото: ФК Брегалница