Дома Трансфер зона ФИФА ќе и исплати на Барселона милионска оштета за повредата на Дембеле

ФИФА ќе и исплати на Барселона милионска оштета за повредата на Дембеле

Осман Дембеле е едно од најскапите засилувања на Барселона во историјата, но изгледа како досега во целост да не ги оправда очекувањата, игра променливо.

Сега Дембеле се повреди со Франција на Европското првенство и го чека пауза од четири месеци. Повредата ја Французинот ја заработи во натпреварот против Унгарија, а поради тоа Барселона ќе добие оштета од ФИФА.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ФИФА има своја заштитна програма според која исплаќа 20.548 евра на дневна основа за секој повреден фудбалер. Заштитната програма е со рок од максимум една година, па така еден клуб за еден фудбалер најмногу може да добие 7.5 милиони евра.

Ако се потврди дека Дембеле ќе паузира четири месеци тогаш тоа значи дека Барселона од ФИФА ќе добие сума од 2.4 милиони евра. Треба да се напомене дека во „заштитнината програма“ влегуваат фудбалери чија пауза е подолга од 28 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед договори големо засилување

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за услугите на Тосин Адарабиојо од Фулам, кој …