Дома Фудбал ФИФА ја казни Албанија поради национализам во Струмица

ФИФА ја казни Албанија поради национализам во Струмица

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) и изрече парична казна на Фудбалската федерација на Албанија, поради низа националистички и политички скандирања на албанските навивачи на мечот против Македонија.

Албанија заработи казна од 30.000 швајцарски франци како и дополнителна опомена поради албанскиот национализам, политичките скандирања и палењето на пиротехника за време на гостувањето во Струмица против Македонија.

Во Струмица имаше околу 300 навивачи на Албанија, кои речиси во текот на целиот меч неспортски и недолично се однесуваа, со бројни националистички скандирања, од типот „Илирида“, „УЧК“, „Голема Албанија“, како и со употреба на запаливи предмети.

Казна заработи и Фудбалската федерација на Македонија во висина од 5.000 швајцарски франци и опомена.

Дисциплинската комисија на ФИФА и изрече опомена и на израелската федерација за мечот во Хаифа против Македонија и тоа за фрлање тврди предмети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Старите навики го издадоа Хендерсон: Бараше пенал против сопствениот тим?

Поранешниот капитен на Ливерпул се врати на „Енфилд“ во дресот на Челси, но еден негов пот…