Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ФИФА со радосни вести до Вида непосредно пред големото финале во Москва

ФИФА со радосни вести до Вида непосредно пред големото финале во Москва

Хрватскиот дефанзивец повеќе нема причина за грижа.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Знаетевеќе дека по победата над Русија во четвртфиналето на Мундијалот, репрезентативецот на Хрватска, Домагој Вида беше под истрага на ФИФА поради спорна снимка во текот на победничката прослава, но тогаш беше само предупреден.

Нешто подоцна, се појави уште една снимка, која ФИФА ја зеде на разгледување, но денес е потврдено дека Вида нема да биде санкциониран.

„По анализара на второто видео на хрватскиот репрезентативец Домагој Вида кое се појави во медиумите, земајќи го предвид извинувањето на Вида и жалењето за оваа ситуација, претседателот на Дисциплинската комисија свесен дека видеото е снимено пред покренување на првата истрага е потврдено дека не е направен нов прекршок, и нема потреба за дополнителна санкција“, се наведува во соопштението.

Финалето инаку денес на програмата е од 17 часот во Москва, а Вида ќе биде меѓу хрватските адути во дуелот со Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Алонсо го направи првиот повик до Мадрид: “Тој е играч за Челси”

Хаби Алонсо е назначен за нов тренер на Челси. Шпанскиот стручњак доаѓа во Лондон за да го…