Дома Фудбал Светско првенство во фудбал ФИФА се обидува да прикрие скандал помеѓу Хакими и Инфантино

ФИФА се обидува да прикрие скандал помеѓу Хакими и Инфантино

Ѕвездата на мароканската репрезентација, Ашраф Хакими бил толку лут по поразот од Хрватска, што врескал во лице на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино,

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Инцидетот се случил во тунелот после мечот, а интересно е што ФИФА наводно се обидела да ги избрише снимките од инцидентот.

Мароканците сметаа дека заслужиле пенал во финишот на мечот со Хрватска, а исто така беа лути што не им беа досудени два пенали во полуфиналето против Франција, за што поднесоа и официјална жалба до ФИФА.

Според присутните новинари, Хакими му се приближил на претседателот на ФИФА за да го искаже своето незадоволство, а ФИФА се погрижила снимките да не станат јавни.

„Тој стоеше пред Инфантино, на помалку од пет сантиметри и му викаше за судиите. Беше чудно да се гледа“, вели холандскиот новинар, Том Егберс.

„Сакаа да ги избришеме снимките, бидејќи беше јасно дека беше засрамувачки за нив“, откри Јохан Куцукаслан од „СВТ спортс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Еден од најдобрите во светот нема да игра на вториот натпревар Баерн – ПСЖ?!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ПСЖ и Баерн им понудија …