Дома Фудбал Останато ФИФА се налути: Секој номиниран фудбалер во иднина ќе мора да се појави на доделувањето на наградите!

ФИФА се налути: Секој номиниран фудбалер во иднина ќе мора да се појави на доделувањето на наградите!

ronaldo messi

Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино не е премногу среќе што на церемонијата на доделување на наградите во Лондон не се појавија Кристиано Роналдо и Лионел Меси.

Роналдо не се појави откако стана јасно дека нема да ја добие наградата „The Best“ за најдобар фудбалер во светот кој заврши во рацете на Лука Модриќ, па одлучи да не губи време и остана во Торино.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од друга страна Меси после долги години воопшто не беше во финалниниот избор, но и двајцата добија место во тимот на годината.

Меѓутоа, ФИФА одлучила во иднина да се обезбеди и сите номинирани да се појавуваат на доделувањето на наградите. Тие преку правен пат сакаат да се обезбедат најголемите ѕвезди да не ја пропуштаат церемонијата.

Во изминатите години сите номинирани во главно се појавуваа на доделувањето на наградите. Немаше премногу тензии околу наградата која пред Модриќ 10 години ја освојуваа Роналдо и Меси.

Сепак, веројатно Меси и Роналдо и понатаму се убедени дека нема подобри од нив, па од тие причини одлучија да не се појават таму каде што некој ќе ја добие наградата пред нив.

ФИФА сака да се потруди ваквите работи да не се повторат, па сите финалисти во иднина ќе имаат обврска да се појават на церемонијата на доделувањето на наградите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Инзаги испишува историја: Во Интер го надмина и Жозе Мурињо

Симоне Инзаги со само два клуба во период од осум години колку што е тренер успеа да освои…