Податоците од сензорот поставен во топката потврдиле дека Кристијано Роналдо не бил стрелец на првиот гол на натпреварот против Уругвај, објави денеска I-ES-Pi-En (ESPN).
Ова за американската телевизија го потврдиле од Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и производителот на топки „Адидас“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
“Дефинитивно можеме да потврдиме дека немаше контакт со топката од Кристијано Роналдо за водечкиот гол на натпреварот“, се вели во соопштението.
Португалците со победата против Уругвај се пласираа во осминафиналето на Светското првенство,
За водечкиот гол на натпреварот Бруно Фернандеш нафрли кон Роналдо и изгледаше дека тој играше со топката, го тврдеше и Роналдо тоа самиот. Сепак, голот ќе остане запишан на Фернандеш.