Дома Фудбал ФИФА покрена истрага против Џака и Шаќири, но и против Крстајиќ

ФИФА покрена истрага против Џака и Шаќири, но и против Крстајиќ

ФИФА соопшти дека покренала истрага за швајцарските репрезентативци Ѓердан Шаќири и Гранит Џака, но и за српскиот селектор, Младен Крстајиќ.

Џердан Шаќири и Гранит Џака, би можеле да се соочат со ригорозни казни, откако ФИФА реши да покрене дисциплинска постапка против двајцата поради прославувањето на головите против Србија.

Швајцарските фудбалери, кои имаат албанско потекло, на головите и на победата се радуваа гестикулирајќи орел како симбол на албанското знаме, а многумина тоа го сфаќaат како политичка провокација.

ФИФА соопшти дека ќе отвори истрага и против Фудбалската федерација на Србија за проблемите со српските навивачи кои извикувале политички и навредливи пораки, но и против српскиот селектор, Младен Крстајиќ, за изјавите по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Хари Кејн ја освои „Златната топка“ – Англија чекаше од 2001!

Хари Кејн е добитник на „Златната топка“ за 2026 година по фантастична сезона со Баерн Мин…