Светската фудбалска федерација (ФИФА) денеска покрена постапка против Русија поради расизам на нешто помалку од два месеци пред почетокот на СП.
Покрената е дисциплинска постапка поради “мајмунски крик“ упатен кон Пол Погба во текот на пријателскиот натпревар помеѓу Русија и Франција во Сант Петербург минатиот месец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Покрената е дисциплинска постапка против Фудбалскиот сојуз на Русија поради овој инцидент.“ – соопштија од ФИФА.
Заменик рускиот премиер Аркади Дворковиќ, кој ги надгледува припремите за СП, кажа дека Русија ќе направи се да нема случаеви на дискриминација.
„Ако тоа се случи би требало да постои нулта толеранција за тие луѓе“ – истакна Аркади.
Ова е трет случај на расизам на стадионот во Санкт Петербург, кој ќе биде домаќин на полуфинален натпревар на СП. Европската фудбалска унија претходно два пати покрена постапка против Зенит поради расистички испади на навивачи на тој клуб за време на натпревари од Лига Европа.