ФИФА донесе одлука кој ќе суди во големото финале на Светското првенство.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
ФИФА одлучи! Аргентинецот, Нестор Питана ќе ја дели правдата во финалето на Светското првенство помеѓу Франција и Хрватска.
На Питана ќе му помагаат сонародниците Ернан Мајдана и Хуан Белати, додека Холанѓанецот, Бјорн Кјуперс како и во полуфиналето помеѓу Хрватска и Англија ќе биде четврти судија.
Питана остави одличен впечаток во текот на турнирот, а финалето ќе му биде четврти натпревари. Судеше на отварањето помеѓу Русија и Саудиска Арабија, натпреварот од осминафиналето помеѓу Хрватска и Данска, а потоа и четвртфиналето помеѓу Франција и Уругвај.
Натпреварот за трето место му припадна на Иранецот, Алиреза Фагани.