Светското првенство во фудбал започнува на 20 ноември, а првиот натпревар ќе го одиграат селекцијата на домаќинот и Еквадор.
Светската фудбалска организација (ФИФА) не сака ништо да остави на случајност и ги предупреди репрезентациите кои ќе учествуваат на Мундијалот да не ја критикуваат земјата домаќин Катар.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Од добивањето на статусот земја-домаќин, па се до изградбата на стадионите – Катар е полн со контроверзии. Забележано е дека илјадници работници имигранти со живот платиле за изградба на величествените стадиони.
Организаторите, вклучително и ФИФА, стравуваат дека репрезентациите би можеле да и се „спротистават“ на земјата домаќин за време на Светското првенство
Поради тоа претседателот на ФИФА, Инфантино испрати писмо до сите 32 земји учеснички на Мундијалот.
Во писмото е пренесено барање до репрезентациите да се фокусираат само на фудбалот, да уживаат во фудбалскиот фестивал и да не се фокусираат на проблемите што се споменуваат.
„Секој е добредојден, без разлика на потеклото, потеклото, религијата, полот, сексуалната ориентација или националноста“, стои во извадок од писмото.