Лионел Меси, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд повторно ќе се „пресметаат“ во финалето за престижна индивидуална награда, овојпат во изборот на ФИФА.
Откако Меси по осми пат во кариерата ја освои „Златната топка“ што ја доделува парискиот магазин „Франс фудбал“, асовите на Интер од Мајами, Пари Сен Жермен и Манчестер Сити се најдоа во последниот круг на гласање за наградата „The best“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Оваа награда му припаѓа на најдобриот светски фудбалер во претходната година, а клучната разлика во однос на „Златната топка“ е што право на глас имаат селекторите и капитените на сите светски репрезентации, за разлика од „Франс фудбал“ магазин, кој им дава приоритет на спортските новинари и уредници.
Халанд се надеваше на головите во тројната круна на Манчестер Сити минатата сезона, но немаше репрезентативни успеси.
Меси и Мбапе се сретнаа пред една година во финалето на Светското првенство во Катар, кое ќе остане запаметено како веројатно највозбудливото во историјата, а на крајот трофејот отиде во рацете на Аргентинците.
Тоа се покажа како клучно во корист на Меси кога се гласаше за Златната топка, иако ниту тој ниту неговиот поранешен соиграч од Пари Сен Жермен не можеа да ги израмнат достигнувањата на Халнад на клупско ниво.
Која ќе биде предноста овој пат?
Ќе дознаеме на 15 јануари во Лондон, кога ќе биде прогласен најдобриот светски фудбалер за 2023 година.