Тимот на Кардиф кој во овој момент се натпреварува во Чемпионшип лигата ќе мора да ја исплати целосната сума на Нант за трансферот на Емилијано Сала, одлучи ФИФА.
Сала трагично го загуби животот во јануари 2019-та година откако го договори трансферот од францускиот тим во тогашниот премиерлигашот. Фудбалерот дојде во Кардиф ги потиша документите, а потоа се врати за Нант да се поздрави со своите соиграчи. На враќањето кон Кардиф авионот со кој леташе се сруши во Ла Манш, а Сала и пилотот ги загубија животите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таквата ситуација доведе до судски процес бидејќи Кардиф не сакаше да ги исплати договорените 15 милиони евра бидејќи Сала никогаш не заигра за нив.
Во август минатата година судот во Лозана донесе одлука Кардиф да плати шест милиони евра, меѓутоа сега ФИФА со нова одлука му соопшти на Кардиф дека мора да го доплати и преостанатиот дел од договорот.