ФИФА го објави најдобриот тим за 2023 година.
Во гласањето учествуваа повеќе од 28.000 професионални фудбалери, односно членови на ФИФА.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Избрани се следните 11. Белгиецот Тибо Куртоа од Реал Мадрид е на голот. Во одбраната е триото на Манчестер Сити. Го сочинуваат Португалецот Рубен Диас и Англичаните Џон Стоунс и Кајл Вокер.
Во средниот ред е дуото на Сити, Бернардо Силва (Португалија) и Кевин Де Брујн (Белгија). Друштво им е одличниот Англичанец Џуд Белингем од Реал Мадрид.
Во нападот имаше место за Лионел Меси (Интер Мајами, Аргентина), Ерлинг Халанд (Манчестер Сити, Норвешка), Килијан Мбапе (ПСЖ, Франција) и Винисиус Жуниор (Реал Мадрид, Бразил).
Во тимот го нема Кристијано Роналдо, кој постигна најмногу голови во клупскиот фудбал во 2023 година.
Португалецот постигна 54 гола на 59 настапи за Саудиски Ал Наср, но тука немаше место за него.
https://www.instagram.com/p/C2Ijcy_IQYd/?utm_source=ig_web_copy_link