Дома Фудбал Англија ФИФА „вирусот’ го зафати и Клоп – Ливерпул шест недели без еден од најдобрите

ФИФА „вирусот’ го зафати и Клоп – Ливерпул шест недели без еден од најдобрите

Мурињо, Конте, сега и Клоп…Продолжуваат да пристигнуваат лоши вести за тренерите во Премиер лигата.

Откако се повредија бројни фудбалери кои овој викенд имаа репрезентативни должности како Нголо Канте или Маруан Фелаини, сега во проблеми се најде и Јирген Клоп.

Менаџерот на Ливерпул не ќе може да смета на еден од своите најдобри фудбалери, сенегалскиот репрезентативец, Мане.

Садио Мане се повреди додека настапуваше за Сенегал и ќе отсустува најмалку шест недели.

Значи, наредните девет натпревари навивачите на Ливерпул не ќе може да го гледаат еден од омилените фудбалери и тоа би можео да претставува голем проблем за клубот од „Енфилд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…