Дома Трансфер зона Фирмињо може да оди секаде, освен во…

Фирмињо може да оди секаде, освен во…

Роберто Фирмињо е еден од главните протагонисти на Ливерпул оваа сезона, а тимот на Јирген Клоп е еден од главните фаворити за титулата во Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сепак, 25-годишниот Бразилец има и откупна клаузула во својот договор со „црвените“ и таа изнесува 98 милиони евра. Притоа, таа клаузула може да ја активира секој клуб во светот, освен Арсенал!

Оваа информација ја објави „Football Leaks“ кој продолжува да објавува за малите и големите тајни во договорите на најпознатите светски фудбалери.

Ливерпул во минатото имаше проблем со Арсенал кој сакаше по секоја цена да го купи Луис Суарез, па „црвените“ се одлучиле на тој начин да се заштитат од „топџиите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…