Дома Трансфер зона Фирмино призна дека колега од репрезентацијата го прашувал за Ливерпул

Фирмино призна дека колега од репрезентацијата го прашувал за Ливерпул

Добри вести за Ливерпул пристигнуваат од подготовките на репрезентацијата на Бразил за Светското првенство, од каде што се огласи фудбалерот на Ливерпул, Роберто Фирмино.

Тој на новинарите им откри дел од разговорот со соиграчот од националниот тим, голманот на Рома, Алисон кој го прашувал Фирмино за Ливерпул.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Да, ме прашуваше и јас се надевам дека ќе дојде во Ливерпул, иако знам дека има и други понуди“, изјави Фирмино.

Вреди да се напомене дека за Алисон се заинтересирани уште два европски клубови, а кога ќе го додадеме и Ливерпул, јасно е дека во Рома во текот на летото ќе бидат на слатки маки кога станува збор за заработка од евентуален трансфер на бразилскиот голман.

Сепак, прво ќе се потруди да одигра на Мундијалот најдобро што може, а потоа ќе размисли за клупската кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …