Фудбалската јавност се уште не може да се помири со смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори кој вчера беше пронајден во хотелската соба непосредно пред мечот со Удинезе.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Се уште нема детали за тоа како настанала смртта, иако се сомнева најмногу на срцев или мозочен удар.
Во секој случај, Фиорентина едногласно донесе одлука да го испочитува договорот на Астори кој беше подготвен да го потпише, па до крајот на кариерата требаше да биде дел од „Виолетовите“.
За таа цел, раководството на клубот одлучи на неговото семејсто доживотно да бидат исплаќани средства,односно на неговата сопруга и малата ќерка Викторија.