Раководството на Фиорентина е спремно да се раздели со најголемата ѕвезда во тимот, Федерико Киеза, но само доколку пристигне понуда од 60 милиони евра.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Синот на легендарниот Енрико Киеза важи за еден од најголемите таленти на Апенините и одигра фантастична сезона со дресот на Фиорентина, со што заработи и повик за италијанската репрезентација.
За Киеза интерес покажуваат најголемите италијански клубови, а најконкретен е интересот на Наполи кој веќе понуди 50 милиони евра.
Меѓутоа, Фиорентина веднаш ја отфрлила понудата на Наполитанците и нема да се раздели од својот „бисер“ за помалку од 60 милиони евра.
Интерес за офанзивниот фудбалер покажуваат уште Јувентус и Интер, но не се спремни да ја платат споменатата сума.