Дома Фудбал Фиорентина постави астрономска цена за Влаховиќ

Фиорентина постави астрономска цена за Влаховиќ

Фиорентина потврди дека Душан Влаховиќ одбил да потпише нов договор со „виолетовите“ и на лето ќе го напушти клубот.

Влаховиќ има договор со Фиорентина до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, а одби да стане најплатен фудбалер во историјата на клубот.

Битката за неговиот потпис веќе започна, но Фиорентина ги шокира заинтересираните клубови со астрономската цена која ја постави.

Според „Газета Дело Спорт“ клубот за неговата слобода бара 90 милиони евра, сума која тешко дека некој клуб ќе ја плати.

Најсилен интерес за Србинот покажуваат Јувентус и Атлетико Мадрид кои се спремни да понудат 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кардинале: Милан не е на продажба, сакам да ги доведам најдобрите!

Сопственикот на Милан најавува нов финансиски модел преку стадионот, арена во Сан Донато и…