Дома Трансфер зона Фиорентина не застанува: Го сака и „новиот Пирло“?

Фиорентина не застанува: Го сака и „новиот Пирло“?

Фиорентина ова лето одработи одличен трансфер период, а сега се на пат да доведат уште едно одлично засилување.

На „Артемио Франки“ пристигнаа Кевин Принс Боатенг и Франк Рибери, а покрај тоа го задржаа најдобриот фудбалер на тимот, Киеза.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според информациите на Џанлука Ди Марцио, управата на Фиорентина отворила преговори за купување на Сандро Тонали кој го носи прекарот „новиот Пирло“.

Италијанскиот новианр тврди дека двете страни се сретнале во Фиренца и веројатноста за купување до крајот на преодниот рок е веројатна.

За Тонали интерес покажуваа повеќе италијански клубови, но Комисо може да му вети стандардна минутажа.

До крајот на преодниот рок остануваат уште четири дена и ќе видиме дали ќе имаат време да го реализираат овој трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го избра наследникот на Жиру

Главна цел на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач кој ќе може…