Левиот бек на Атлетико Мадрид, Филипе Луис призна дека ова лето сакал да се пресели во ПСЖ, но „јорганџиите“ не го пуштиле.
Бразилецот притоа жестоко го нападна својот клуб и изјави дека од Атлетико се обиделе да му го нарушат имиџот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Имаше шанса да преминам во ПСЖ. Зборував со Атлетико и ги замолив да ме пуштат. Но, остануваше малку време пред затворање на трансфер прозорецот и ќе беше тепко да најдат замена. Клубот едноставно не сакаше да ме пушти и постави цена која знаеа дека нема да биде платена“, истакна Филипе Луис и додаде.
„Потоа ме обвинија мене дека сакам да си одам, но тоа е лага. Се обидоа да ми го нарушат имиџот во клубот и тоа многу ме растажи“.
Filipe Luis: I asked for PSG move but Atletico Madrid lied about me https://t.co/Hp9snD6xpz pic.twitter.com/OH1QCKljXS
— Goal Nigeria (@GoalcomNigeria) September 5, 2018