Дома Фудбал Фиго се огласи за снимките на Перез: Разговаравме, ми објасни

Фиго се огласи за снимките на Перез: Разговаравме, ми објасни

Во Шпанија овие денови главна тема се снимките кои ги објавува „Ел Конфендисијал“, а во нив Флорентино Перез зборува лошо за некои од најголемите легенди на Реал Мадрид.

Еден од оние за кои се зборува е Луис Фиго кој во 2006 година премина во Интер.

„Фиго го растури тимот. Зидан беше најдобар, Фиго е ку*вин син како и Раул. Тие двајца беа најлошото за тимот“, зборува Перез во снимките.

Фиго на оваа тема се огласи по натпреварот кој го одиграа легендите на Реал Мадрид и Барселона во Тел Авив (повеќе за тој натпревар тука).

„Во приватните разговори може да се вметнат делови и да се извадат од контекс. Разговарав со Перез за тоа и ми објасни се, се е завршено“, кратко одговори Фиго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бензема може да ја заврши кариерата поради историскиот договор во Саудиска Арабија

Француски L’Equipe во неделникот презентира навистина интересна приказна за иднината…