Дома Фудбал Останато Фиго: Реал Мадрид ќе пишува историја и без Роналдо

Фиго: Реал Мадрид ќе пишува историја и без Роналдо

figo

Поранешниот играч на Реал Мадрид го пофали кралскиот клуб.

Луис Фиго е еден од ретките играчи кој беше обожаван во секој клуб каде што играл (се додека не премина од Барселона во Реал, па беше омразен помеѓу навивачите на Барселона), тој сега го изнесе своето мислење за денешната ситуација во клубот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот Португалец со суперлативи зборуваше за својот сонародник Кристиано Роналдо, но исто така смета дека Реал нема да има проблеми после неговото заминување.

„Кристиано е импресивен играч, но неговото заминување нема да влиае лошо на Реал. Животот оди понатаму и оние кои се тука ќе продолжат да испишуваат историја, веќе сега им оди одлично“, изјави Фиго.

Фиго за Реал Мадрид настапуваше во период од 2000 до 2005 година, а во Мадрид пристигна во шокантен трансфер од Барселона за сума од 62 милиони евра. Таа сума во тоа време беше рекорд кога се трансферите во прашање.

После пет години во Мадрид, Фиго се одлучи да премине во Интер каде што во 2009 година ја заврши професионалната кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Натпревари од Ла Лига ќе се играат во САД?

Првиот човек на шпанската Примера најави дека веќе од наредната сезона натпревари од шпанс…