Дома Фудбал Италија Фиго: Манчини во Интер ме понижуваше!

Фиго: Манчини во Интер ме понижуваше!

Поранешниот португалски репрезентативец, Луис Фиго зборуваше за соработката со поранешниот тренер на Интер, Роберто Манчини.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Фиго после периодот во Барселона и Реал Мадрид на залезот на кариерата се пресели во Интер, каде признава дека бил понижуван од страна на тренерот Роберто Манчини.

„Роберто Манчини во Интер ме понижи како никој друг во текот на мојата кариера. Бев измачуван во Интер. Не бев на 20 години, туку 34-35 и се појавија ситуации кои не треба да бидат. Не беше прашање дали играв или не“.

„На 34 години, вие разбирате за што сте способни. Но, кога бев принуден да се загревам 85 минути, а потоа да ми се дозволи да играм три минути за да види дали ќе избувнам, не беше нормално“, изјави Фиго во Инстаграм разговор со Фабио Канаваро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

До вчера сите го гледаа во Барселона, а потоа пристигна повик – од Жозе Мурињо!

Бернардо Силва e „златната кокошка“ на летото 2026 година, бидејќи стана слободен играч и …