Дома Македонски спорт Мак баскет ФИБА скрои пеколен распоред за Македонија: Кошаркарите во Перм ќе одиграат „мини“ Евробаскет!

ФИБА скрои пеколен распоред за Македонија: Кошаркарите во Перм ќе одиграат „мини“ Евробаскет!

Mашката сениорска репрезентација на Македонија ќе има исклучително тешка задача да се избори за пласман на наредниот Евробаскет кој во 2022 година ќе се одржи во четири различни земји.

Имено, европската зона на ФИБА на последната седница на Бордот го апдејтираше календарот за февруарскиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2022.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Истиот е далеку од идеален за нашиот национален состав.

Имено, во рок од шест дена, избраниот тим на селекторот Александар Тодоров ќе треба да одигра четири натпревари. Кој од кој позначајни околу конечниот пласман во групата „Б“ од квалификациите за еврошампионатот.

Првиот натпревар во „балонот“ во Перм нашите најдобри кошаркари ќе треба да го одиграат на 18. февруари, 2021 година, против селекцијата на Италија. Односно еден ден пред официјалниот почеток на овој трет дел од квалификациите.

Ден подоцна, на 19. февруари, Македонија ја чека дуелот со домаќинот на овој собир, селекцијата на Русија.

20. феврури е предвиден како слободен ден на турнирот во Перм.

На 21. февруари, следува вториот меч против соодветната селекција на Италија, додека можеби и најважниот натпревар за нашиот национален тим е „апдејтиран“ за 22. февруари, откако претходно својот натпревар ќе го одиграат репрезентациите на Естонија и на Русија.

Поедноставно кажано, во Перм, Македонија ќе биде дел од еден вистински „мини“ Евробаскет, и ќе одигра и во вистинска смисла на зборот, еден турнир.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Хит видео од прославата на Интер: Димарко се мачеше да се качи на пречката 🎥

Интер во понеделникот на „Сан Сиро“ го победи Милан со 1:2 и така ја обезбеди шампионската…