Судискиот оддел на ФИБА ги потврди номинациите на официјалните лица за последните два натпревари од првиот круг од квалификациите за пласман на Евробаскетот во 2025 година.
Односно натпреварите од групата „X“ во која е и нашиот сениорски национален тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
На натпреварот од првото коло, Македонија-Естонија, кој се игра на 23. февруари во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје (од 19.часот), правдата ќе ја дели судиската тројка: Венцислав Великов (Бугарија), Керем Баки, Орхан Хекимоглу од Турција. Во улога на делегат е Еран Атија од Израел.
На оној наредниот, закажан за 26. февруари (од 18.часот), кој нашите најдобри кошакари ќе го одиграат во градот Сосновиец, против репрезентацијата на Полска, како официјални лица-судии, ќе бидат: Маетинс Козловскис и Гатис Салинс (Летонија), и Зафер Јилмаз (Турција), а делегат е Лидија Плеиќ од Хрватска.