Бруно Фернандеш вчера беше човекот на одлука во натпреварот помеѓу Португалија и Македонија, фудбалерот на Манчестер Јунајтед ги постигна двата гола во победата на Португалците од 0:2.
По овој натпревар како што јавуваат медиумите од Островот, Фернандеш ќе потпише нов договор со „црвените ѓаволи“ и тоа може да се случи уште утре. Условите од договорот се договорени и тој ќе има важност до јуни 2027 година.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Во Јунајтед Фернандеш настапува од 2020 година и со добрите настапи брзо се наметна како еден од лидерите на тимот. Претходно во кариерата Бруно го носеше дресот на Спортинг, Сампдорија, Удинезе, Новара и Боависта. Ќе потсетиме во Спортинг беа соиграчи со македонскиот капитен, Стефан Ристовски.