Дома Фудбал Англија Фернандеш за Роналдо: Не знам што му се врти низ главата

Фернандеш за Роналдо: Не знам што му се врти низ главата

Плејмејкерот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш ја коментираше ситуацијата на неговиот соиграч и пријател, Кристиано Роналдо.

Роналдо не се појави на подготовките на Манчестер Јунајтед и не замина со тимот на турнеја во Азија бидејќи сака да го напушти клубот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалецот инсистира да се пресели во клуб кој настапува во Лигата на шампиони и наводно тренира индивидуално во Лисабон надевајќи се на трансфер.

Претставниците на „Олд Трафорд“ ги наведоа „семејните причини“ како изговор што го даде Роналдо.

„Единствено што го прашав кога не се појави беше дали се е во ред со неговото семејство. Ми кажува што се случува и тоа е тоа. Мораме да го почитуваме изборот на секој човек. Не знам што им порача Кристиано на клубот и на менаџерот, но да го почитуваме неговиот личен избор“, изјави Бруно.

„Не знам што му се врти низ глава, дали сака да замине или не. Не сум го прашал такво нешто. Очигледно минатата сезона беше наш најдобар стрелец. Клубот треба да го направи својот избор, а Кристиано треба да го направи својот“, изјави Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави објасни зошто одлучил да остане во Барселона

Oд Барселона потврдија дека Чави Ернандез ја сменил одлуката и ќе остане тренер на каталон…