Челзи официјално го претстави Енцо Фернандез, кој за 121 милион евра пристигна од Бефика.
Аргентинецот така стана најскапото засилување во историјата на Премиер лигата и не ја криеше среќата што дојде во лондонскиот клуб.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Благодарен сум му на Челзи кој направи се за да ме вклучи во овој проект. Среќен сум што ќе бидам дел од гордоста на Лондон и ќе играм во најдобрата лига во светот. Едвај чекам да излезам пред навивачите“, кажа Енцо.
Аргентинецот на „Стенфорд Бриџ“ ќе го добие дресот со број пет, но за натпреварите од Лигата на шампиони ќе мора да избере друг број, бидејќи „петката“ веќе ја носеше Жоржињо оваа сезона.
Smile, and the whole world smiles with you. 😁 pic.twitter.com/TiDhCwlzgB
— Chelsea FC (@ChelseaFC) February 1, 2023