Дома Фудбал Фердинанд: Против Агуеро беше најтешко да се игра

Фердинанд: Против Агуеро беше најтешко да се игра

Поранешниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд изјави дека Серхио Агуеро е најдобриот напаѓач во ПЛ.

Откако аргентинскиот фудбалер во финалето на Комјунити Шилд го порази Челси и воедно дојде до 200. гола во дресот на Манчестер Сити, пофалби на негова сметка изнесе Рио Фердинанд кој денеска работи како стручен коментатор.

„Да постигнете 200 голови за Манчестер Сити е фантастичен успех. Мислам дека е најдобриот напаѓач во ПЛ. Играв против него, ми беше најтежок противник. “ – рече Фердинанд, кој Агуеро го почитува повеќе и од сонародникот Хари Кејн кој е брилијантен во дресот на Тотенхем.

„Кејн е одличен играч, но за мене Агуеро е подобар.“

Инаку, Рио како коментатор работи од 2015. година кога ја заврши играчката кариера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул во тешка битка за младиот талент Гилберто Мора

Ливерпул може да се соочи со сериозни предизвици во обидот да го доведе мексиканскиот вунд…