Манчестер Сити го победи Копенхаген со 3:1 на гостувањето кај данскиот стадион Паркен во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.
Стрелци за тимот на Пеп Гвардиола беа Кевин Де Брујне, Бернардо Силва и Фил Фоден, додека Магнус Матсон погоди за тимот на Копенхаген.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сити можеше да слави многу поубедливо со оглед на тоа што имавте повеќе од 20 удари, од кои осум во рамката од голот. Домашната екипа шутираше еднаш во рамката од голот на Сити.
Стручниот коментатор и легендарниот англиски стопер Рио Фердинанд по натпреварот го издвои и имаше пофални зборови за Родри.
„Сити целосно ја контролираше играта. Не се бранеше ниту при резултат 1:1, кога стадионот експлодираше. Натпреварот го контролираше еден играч – Родри. Беше феноменален“, изјави Фердинанд, кој најдобрите денови од својата играчка кариера ги помина во Манчестер Јунајтед.
Родри го одигра целиот натпревар на позицијата последен играч за врска и тоа беше негов 30-ти настап сезонава. Досега има постигнато шест и асистенција на седум гола и е незаменлив член на стартниот тим на тренерот Гвардиола.