Дома Фудбал Фердинанд го избра подобриот помеѓу Салах и Азар

Фердинанд го избра подобриот помеѓу Салах и Азар

За време на својата богата кариера Рио Фердинанд имаше прилика да игра со, но и против најдобрите дриблери на светот, поради што неговото мислење има одредена тежина.

Во време кога поради коронавирусот нема фудбал, Фердинанд имаше виртуелно дружење со своите фанови на Инстаграм и одговараше на многу прашања.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако во избор помеѓу Ван Дајк и Видиќ го избра својот поранешен соиграч, фановите ги интересираше и кој е подобар, Еден Азар или Мохамед Салах.

„Азар може да го издрибла секој еден на еден, ми се допаѓа, но Салах сега е подобар кој беше платен ‘само’ 37 милиони евра.“ – смета поранешниот играч на Јунајтед.

Азар претходното лето пристигна во Реал Мадрид, но поради вишокот килограми и честите повреди не се изнаигра. Моментално е на повеќемесечна пауза.

„Многу опасен играч. Во ситуација еден на еден е најдобар. Меѓутоа откако се приклучи на Реал не му оди најдобро.“ – додаде Рио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новинарот ќе добие тужба: Рудигер ја објасни фотографијата која предизвика бурни реакции

Фудбалерот на Реал Мадрид и германската репрезентација Антонио Рудигер се најде во неприја…