Сер Алекс Фергусон полека се опоравува и денес главна вест во сите островски медиуми е дека легендарниот Ферги се разбудил од кома.
Како што веќе пишувавме Ферги е во подобра здравствена состојба и веќе разговара со членовите на неговото семејство.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Педантните англичани успеаа да дојдат до навистина интересен податок за денот на кој Ферги се разбуди од кома – на денот на кој пред пет години објави дека го напушта Манчестер Јунајтед.
На 8 мај 2013 година Фергусон објави дека го напушта Манчестер Јунајтед после цели 26 години поминати во овој клуб.
Треба да се истакне дека целиот фудбалски свет се молеше за закрепнување на легендарниот тренер, кое за жал нема да биде така лесно со оглед на неговите години (76).