Дома Фудбал Феран Торес потпиша за Манчестер Сити!

Феран Торес потпиша за Манчестер Сити!

Манчестер Сити го комплетираше трансферот на Феран Торес од Валенсија.

Крилниот играч кој има само 20 години потпиша петгодишен договор со Манчестер Сити и ќе биде член на оваа екипа до 2025. година.

Тој во претходната сезона во дресот на Валенсија запиша 44 натпревари и постигна шест погодоци.

„Многу сум среќен што дојдов овде. Секој играч сонува да биде дел од овој напаѓачки фудбал кој го игра Манчестер Сити.“ – изјави Торес на претставувањето.

Торес одигра вкупно 97 натпревари во дресот на Валенсија, постигна девет погодоци и запиша 12 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…