Феникс Санс ќе го избира првиот пик на овогодишниот НБА драфт и тоа за прв пат во својата историја.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Игор Кокошков од неодамна седна на клупата на франшизата од Аризона, која што на лотаријата што ја спроведува НБА лигата, го доби правото да бира прва на следниот драфт.
Тоа ќе му овозможу на Кокошков да го одбере Лука Дончиќ, талентираниот Словенец со кого го освои Европското првенство. Другиот главен фаворит за прв пик е ДеАндре Ајтон.
Втор ќе бира Сакраменто Кингс, а потоа следуваат Атланта Хокс, Мемфис Гризлис, Далас Мавеикс, Орландо Меџик, Чикаго Булс, Кливленд Кавалирс, Њујорк Никс и Филаделфија.