Турски Фенербахче вечерва убедливо славеше над Црвена Звезда со 82:56 во рамки на АБА региооналнат лига.
Иако ветуваа многу во изминатите натпревари, црвено-белите вечерва беа далеку од добар противник во дуелот против шампионот во АБА лигата од изминатата сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Откако имаа предност со 25:28, Црвена Звезда кон средината на вториот квартал беше непрепознатлива. Фенербахче го искористи падот на играта во нападот на противникот, па потоа ја имаа целосната контрола над топката, но и резултатска.
Нашиот интернационалец, Перо Антиќ инаку пред стартот на мечот се закити со шампионскиот прстен за освоената титула во Евролигата изминатата сезона и беше топло поздравен од навивачите и тимот.
Најефикасен во таборот на белградскиот состав беше Добриќ со постигнати 15 поени, додека на спротивната страна се издвои Весели во 15 постигнати поени.