Бразилскиот фудбалер Фелипе Мело призна дека во 2010 година имал договор со Реал Мадрид.
Денес 37 годишниот Мело во тој период го носеше дресот на Јувентус, а пред Светското првенство во Јужна Африка имал договор со „кралевите“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Сепак, Реал се откажал од тој трансфер кога Мело го нагазил Робен во натпреварот против Холандија.
„Се беше договорено, но тоа што се случи со Робен уништи се. Останав во Јувентус, а потоа отидов во Галатасарај. Таму станав најдобриот Бразилец во турскиот фудбал и освојував трофеи. Тоа е незаборавно. Можеби со Реал ќе испишев историја, но немаше да бидам обожаван како во Галатасарај“, изјави Мело.