Интересна изјава за шпанските медиуми даде долгогодишниот соиграч на повратникот во Атлетико Мадрид, Диего Коста.
Никој не се радува повеќе на враќањето на Коста на „Висенте Калдерон“ од Фелипе Луис. Овие двајца фудбалери беа соиграчи и во Атлетико и во Челзи, а искусниот бек смета дека „јорганџиите“ не можеле да добијат подобро засилување.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тој е најдобриот фудбалер со кој сум играл. Валерон правеше работи за кои мислев дека се невозможни, Нејмар и Азар имаат неверојатен талент, но тврдам дека ниту еден од нив не може на една екипа да и донесе повеќе трофеи од Диего Коста“, истакнува Бразилецот.