Дома Фудбал Англија Фелаини: Плчаев кога си замина Мојс од Манчестер Јунајтед

Фелаини: Плчаев кога си замина Мојс од Манчестер Јунајтед

Дејвид Мојс летото 2013 година беше избран за нов тренер на Манчестер Јунајтед откако Сер Алекс Фергусон се пензионираше.

Фергусон одлучи на крајот од 2013 година да оди во пензија и сметаше дека Мојс е одлична замена за него. Претходно Мојс го водеше Евертон и имаше навистина добри резултати, па многумина и сметаа дека нема да му биде тешко во Јунајтед.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Сепак, на „Олд Трафорд“ тој се задржа само помалку од една година и после 51 натпревар доби отказ. Познато е дека тогаш Мојс доведе неколку звучни засилувања, еден од нив е и Маруан Фелаини од Евертон. Фелаини откри дека бил тажен кога Мојс добил отказ.

„Бев тажен кога добив отказ затоа што знаев колку сака да успее во Јунајтед. Тој ме доведе во Англија, а потоа и во Јунајтед, еден од најголемите клубови во светот. Не можам да кажам ништо лошо за него“.

„Ќе бидам искрен, плачев кога слушнав дека добил отказ. Мислев дека долги години ќе остане во тој клуб, но тоа не се случи. Отидов кај него да се збогуваме, ми беше навистина тешко. Сигурно еден од најтешките денови во мојата кариера“, изјави Фелаини.

Фелаини во Манчестер Јунајтед остана шест години, а на почетокот на 2019 година потпиша за кинескиот тим СК Луненг каде што игра и денес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Србите бесни: Жестока провокација за Звезда уште пред почетокот на натпреварот со Милан

Милан од 21 часот на стадионот „Сан Сиро“ ќе ја дочекува Црвена Ѕвезда во шестото коло од …