Црвените ѓаволи под сите очекувања ја започнаа новата сезона и после четири кола се наоѓаат на средината на табелата со шест бодови, а тоа наведе во изминатите денови да се зборува за отказ на Жозе Мурињо.
Сепак, фудбалерот Фелаини верува дека идат подобри денови и дека неговиот тим и покрај лошиот старт и натаму е во игра што се однесува за Премиер лигата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сезоната е долга, ова е само почеток. Последните две години почнавме одлично, оваа сезона полошо, но треба да продолжиме. Во ПЛ е се можно, па ајде да видиме.“ – изјави Фелаини и додаде:
„Сите мора да му помогнат на тимот и да дадат се од себе. Јас имам искуство, десет години во Премиер лигата. Кога ми дадеш шанса, ја дадам се од себе. Целиот тим играше добро и тоа е најважно.“