Трансфер сапуницата добива нов пресврт!
Уште од почетокот на јуни една од главните трансфер приказни беше поврзана за Ливерпул и Набил Фекир.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Низ медиумите се провлекуваа разни информации, а потоа изгледаше дека е се готово, дури се појавија и негови слики низ медиумите во дресот на „црвените“ за на крајот се да падне во во вода.
Официјалните информации говорат дека на лекарските прегледи било откриено дека Фекир би можел да има проблем со коленото. Таквата ситуација Ливерпул сакаше да ја искористи за да ја намали цената, што на Французите воопшто не им се допадна.
Во тој момент беше објавено дека од таборот на Лион ги прекинале сите преговори со англискиот клуб.
Сепак, според информациите на францускиот новинар Роман Кол-Годан, оваа трансфер сага се уште не е завршена.
Како што е познато, се појави вест дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за Фекир и дека претседателот на Лион, веќе разговарал и со Жозе Мурињо.
Но, Годан тврди дека ова е само обид да се натера Ливерпул да ја зголеми својата понуда за Фекир.
Се додава и дека самиот Фекир има огромна желба да се пресели во клубот од „Енфилд“, оа изгледа дека се уште ништо не е завршено. За очекување доколку навистина се случува нешто, тоа да биде посериозно по завршувањето на Мундијалот.
L'intérêt de #ManchesterUnited pour #Fekir est créé pour pousser #Liverpool à augmenter son offre pour le joueur de #Lyon.
Fekir veut toujours aller à Liverpool. #LFC pic.twitter.com/h6WO2bI0W3— Romain Collet-Gaudin (@RomainCG75) June 30, 2018