Францускиот репрезентативец, Набил Фекир денеска би можел да потпише договор со вицешампонот на Европа.
По потпишувањето на Фабињо од Монако, денеска Ливерпул најверојатно ќе стане посилен и со Фекир, кој во голем трансфер доаѓа од Лион. Иако заинтересирани беа многу клубови, Јирген Клоп и „Црвените“ беа најблиску и најконкурентни, а според инфромацијата која ја објави „Canal+“, фудбалерот во текот на денот ќе ги изврши лекарските прегледи на „Енфилд“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Тој во Ливерпул доаѓа заедно со претставниците, по што ќе ги изврши формалностите и ќе потпише договор. Ливерпул на Лион ќе му плати 60 милиони евра, а сега можеме да кажеме дека Ливерпул МОРА да се бори за титулата во Англија со Фабињо, Фекир, Кеита, Салах, Мане, Фирмино…
24-годишниот Фекир за Лион одигра 115 натпревари и постигна 45 гола, а игра главно зад напаѓачот, иако често може да се најде и во самиот врв на нападот.