Дома Останати Тенис Федерер првпат призна: Можеби не го почитував Ѓоковиќ доволно

Федерер првпат призна: Можеби не го почитував Ѓоковиќ доволно

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер не е некој кој во медиумите често го фали Новак Ѓоковиќ, но сега одлучи да го направи тоа.

Федерер призна дека можеби не му укажал респект каков што српскиот тенисер заслужувал.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Мислам дека не му го укажав респектот кој го заслужува поради неговите технички маани. Мислев дека има екстремно цврст стисок при форхендот, додека неговиот бекхенд не беше флуиден како што е денес. Потоа ги ‘испегла’ тие работи и стана неверојатно чудовиште од играч.

Го опиша Ѓоковиќ како неверојатна личност.

„Претпоставувам дека им ја расипа забавата на фановите на Рафа и Роџер. Кога дојде, многу луѓе помислија: „Видете, не ни треба трето момче. Задоволни сме со навивачите на Роџер и Рафа“. На почетокот навистина не му се допаѓаше, тогаш Новак излезе со својата силна личност и неверојатна желба да победи по секоја цена“, изјави некогаш најдобриот светски тенисер.

Тоа не е се, Федерер ја посочува и улогата на медиумите, која не е секогаш поволна за Новак и неговата личност.

„Мислам дека е малку погрешно разбран. Гледам подалеку од медиумите и сакам да видам каков човек е. Ако ја тргнеме играта на страна, кој е тој? Кои се неговите вредности во животот. Знам дека се грижи за своето семејство многу“, изјави Федерер.

Инаку, денеска се навршуваат точно пет години од легендарното финале на Вимблдон кога Новак успеа да спаси две меч топки против Роџер и да слави во најдолгото финале на овој турнир досега.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ го „запали“ Инстаграм – подготвува лудо шоу со Кристијано Роналдо?! (Фото)

Новак Ѓоковиќ се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и привлече огромно внимание објавув…