Рожер Федерер даде интересен одговор на прашањето зошто денес тенисерите играат подолго отколку нивните претходници.
Швајцарецот има 36 години и понатаму е еден од најдобрите тенисер во светот, сеуште освојува Грен слемови, а освен него доминира и Рафаел Надал кој исто така е еден од ветераните на овој спорт.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Наградните фондови растат, можеби тоа е еден од мотивите да продолжиме да играме. Исто така, играчите остануваат здрави бидејќи повеќе вложуваат во масажи, терапии, опоравување…Турнирите и АТП нас ни обезбедуваат подобри услови. Многу полесно се патува, отколку порано, имаме директни летови. Сето тоа ни ја олеснува работата и ни овозможува да играме подолго“, изјави Федерер.
Федерер во средата се пласираше во осмина финалето на Мастерсот во Шангај каде што ќе игра против Александар Долгополов.