Дома Тенис Федерер лесно до титулата во Хале!

Федерер лесно до титулата во Хале!

Рожер Федерер го совлада Александар Зверев во финалето на турнирот во Хале и на тој начин стигна до рекордната девета титула во овој германски град.

Швајцарецот сега е спремен да ја нападне титулата на Вимболдон. Девети пат во последните 14 години Федерер триумфираше во Хале.

Без многу проблеми со 2:0 во сетови (6:1, 6:3), Федерер го совлада Зверев за само 53 минути игра!

На овој начин Федерер му се реваншираше на 20 годишниот Германец за поразот кој му нанесе во полуфиналето на овој турнир пред една години. Федерер пред почетокот на Вимболдон се наоѓа во фантастична форма и на овој турнир ќе ја „брка“ осмата титулата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Човекот од тимот на Надал ја презема Шпанија: Марк Лопез го наследува Ферер

Марк Лопез треба да ја преземе шпанската Дејвис куп репрезентација од 1 јануари, а неговио…